| четврток, 6 декември 2018 |

Џелатот на ИСИС, „џихадистот Џон“ пронајден со отсечена глава

Високиот припадник на Исламската држава (ИСИС) во Сирија, кој што обезглавуваше заложници, пронајден е исто така со иотсечена глава, во источната провинција Аеир ал-Зор, соопшти сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

Убиениот џихадист е египетски граѓанин и е познат како „емир“ во оваа провинција, се наведува во соопштението. На телото на екзекутираниот видливи се траги од мачење, а пронајдена е и напишана порака која гласи „Ово е зло, шеику“.

Инаку, џелатот со британски дијалект медиумите го нарекоа „џихадист Џон“, а изврши обезглавување на американски новинари како и на други заробеници кои беа киндапирани за време на борбените дејствија во Сирија и Ирак, каде што всушност ИСИС контролира еден голем дел од оваа територија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top