| четврток, 6 декември 2018 |

Диви дрвари претепале чувар

дрво53-годишниот Т.Ј. од Штип, вработен како чувар на пумпи, вчера бил нападнат на работно место од две непознати лица кои на сила му одзеле два мобилни телефони, а потоа избегале.

-Лицата имале намера да сечат дрва во близина на бунарите, при што Т.Ј. им рекол дека не може од тука да сечат дрва. Тие физички го нападнале, удирајќи го со тупаници во пределот на главата. На оштетениот му е укажана лекарска помош во Клиничка болница Штип каде му се констатирани тешки телени повреди по што истиот е препратен во Клинички  центар Скопје- информираат од полицијата.

По преземени мерки во СВР Штип е приведено 16 годишно лице од Штип за кое постојат сомненија дека е можен сторител, по целосно документирање на случајот ќе биде поснесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top