Холивудската актерка Камерон Дијаз вчера во интимна церемонија во домот во Беверли Хилс, Лос Анџелес, се омажи со седум години помладиот рокер Бенџи Меден, од групата „Гуд Шарлот“.
Четириесет и две годишната Дијаз беше во врска со музичарот само седум месеци, но изјави дека е пререќна што толку брзо го започнуваат нивниот заеднички пат низ животот.
Двојката на соседите им рекла дека имаат забава по повод „Златните глобуси“, а всушност на венчавката покрај нивните фамилии, присуствувале и многу познати колеги како Дру Баримор, Гвинет Полтроу, Никол Ричи, Рис Витерспун.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.