Тимот на македонскиот кошаркар, Перо Антиќ, Атланта, ја забележа и петтата победа во серија, откако ги совладаа „јастребите“на гостувањето во Лос Анџелес. Атланта ги доби Клиперс со 98:107. Клучна во победата беше третата четвртина, која ја добија со десет поени (23:33). На полувреме домаќините имаа минимална предност од 46:44. Во последните 12. минути Атланта константно ја одржуваше двоцифрената предност, која во последниот напад беше намалена на 9 поени, 98:107.
Перо Антиќ одигра уште еден одличен натпревар за Атланта. На терен помина нешто повеќе од 17 минути или поточно 17,44 минути. Постигна 13 поени, со шут од поле 5/8. Забележа два скока, една асистенција, но и две загубени топки.
Најефикасен во победничкиот табор беше Милсап со 23 поени и 8 скока, Тиг уфрли 20 поени и имаше 9 асистенции. Керол постигна 17, додека Хорфорд средбата ја заврши со 16 поени.
Кај домашниот тим најрасположен за игра беше Грифин со 26 поени, 10 скока и 6 асистенции, но и 5 изгубени топки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.