Државниот просветен инспекторат извршил вонреден инспекциски надзор на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, по што донел решение да ја поништи одлуката на последната седница на Сенатот, на која беше разрешена ректорската управа. Според ДПИ, со оваа одлука бил прекршен Законот за високо образование и Статутот на Универзитетот,
Сенатот на универзитетот на завчера одржаната итна седница го разреши ректорот Нинослав Марина со образложение дека тој не бил избран во согласност со Законот и нередовно ги извршувал работните обврски.
Инспекторите утврдиле дека на последната седница на Сенатот бил прекршен Законот за високото образование и Статутот на Универзитетот. Во исто време, универзитетската управа испрати соопштение до медиумите во кое посочи дека во изминатите 24 часа група вработени на УИНТ се обиделе да извршат неовластен упад во работењето на Универзитетот. По пријава од ректорската управа, ДПИ ги поништи сите нивни незакоснки дејства. Портпаролот на Универзитетот, Александра Дудиќ, објаснува дека состојбата е редовна, а ректорската управа продолжува со реализација на зацртаната програма. Вчера Сенатот на Универзитетот се состана и го разреши ректорот Нинослав Марина. Потоа Сенатот испрати соопштение до медиумите во кое тврдеше дека ректорот не бил редовен професор пред да стане ректор и дека тоа е една од причините поради кои решиле да го разрешат.
На вратата од Универзитетот уште стои залепен лист со истата одлука.
Членовите на Сенатот, меѓу кои има и странски професори, денеска побараа државата да ја почитува автономијата на високобразовната институција и да го провери финансиското и целокупното работење на управата, која, како што беше речено, нередновно ги исплаќала примањата на професорите од надвор, а доцнеле и стипендиите за студентите од странство.
– Универзитетите мора да се целосно одвоени од политиката, власта. Универзитетот мора да го избира самостојно раководството. Оттаму апелирам до надлежните институции да ни дозволат да раководиме со Универзитетот на најдобар можен начин, на чисто академски начин, без мешање на политиката -изјави проф. Илан Садех – член на Сенатот на Универзитетот.
Ректорската управа, за која Сенатот донесе одлука за разрешување, тврди дека целокупната постапка е нелегитимна и претставува обид за неовластен упад во работењето на Универзитетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судии ќе разрешува човек против кого се водат неколку судски постапки
-
Во тек е масовно разрешување на кадрите на Сорос во Стејт департментот
-
Никола Јанкуловски ја презеде функцијата ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
-
УКИМ: Наместо да испраќаат отворени писма, сенаторите да се фокусираат на ефикасна работа