| четврток, 6 декември 2018 |

Во тек е масовно разрешување на кадрите на Сорос во Стејт департментот

Во тек е масовно разрешување и егзодус на кадрите на Сорос во Стејт департментот, пишува во својата анализа претседателот на Советот за семејни студии (ФРЦ) од Вашингтон, Тони Перкинс.

Стејт департментот без Сорос не може да биде во тек. Неодамна, Стејт департментот беше зафатен со масовен егзодус на високи функционери. Најзначајна беше оставката на Патрик Кенеди, потсекретар за управување. Иако е дипломат од кариера, Кенеди беше многу успешен, пишува ФРЦ.

Портпаролот на Одделот, Марк Тонер (поранешен портпарол на Обама во Белата куќа), укажа дека ова е практика во Белата куќа се менува власта од рацете на една партија во друга и дека некои од оставките се очекувани.

-Но, со оглед на отповикувањето на  Трамп на амбасадори и конзули, можеби администрацијата на Трамп го реализира потребното чистење на домашен терен. Потребно е раководство кое не се плаши да ги преземе вгнездените либерални посебни интереси во Стејт департментот – пишува ФРЦ.

(ФРЦ) е меѓу највлијателните конзервативни организации во САД, кои масовно го поддржаа изборот на Доналд Трамп за претседател на САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top