| четврток, 6 декември 2018 |

После 10 години проговори за разводот од Бред Пит

Актерката Џенифер Анистон дури сега проговори за разводот од славниот актер Бред Пит кој ја остави пред 10 години за Анџелина Џоли.

– Разводот не беше толку болен. Ме следи затоа што таа приказна е интересна за медиумите и публиката, сето тоа е некако пренапумпано, изјавила Анистон во интервју за CBS.

Иако по америанските медиуми се пишуваше дека тие двајца не се поднесуваат после разводот, изгледа дека вистината е поинаква. –

– Си кажавме добри желби после разводот, но не сме постојано во контакт, рекла актерката.

Во ретко вакво отворено интервју, таа проговорила и за нејзиниот вереник Џастин Тероу и за постојаните трачеви за нивното раскинување.

– Ние ја знаеме својата вистина, само трачевите се постојани, вели славната актерка која и понатаму е една од најпопуларните во
Холивуд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top