Организаторите на Светското Првенство во ракомет во Катар го промовираа и официјалниот спот на шампионатот. Во него се најдоа најголемите ѕвезди на ракометната игра ширум светот, меѓу нив сосема заслужено и македонскиот капитен Кире Лазаров, кој заедно со останатите ги повика сите ракометни фанови да дојдат во Катар и да уживаат во возбудувањата што ќе ги понуди овој мундијал.
„Се гледаме во Доха“ – порача на крајот од овој спот, францускиот ас Никола Карабатиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.