| четврток, 6 декември 2018 |

Причина за поразот од Валенсија, Реал ја намали километражата

Фудбалерите на Реал Мадрид се заморија од пеколното темпо, а Валенсија со победа од 2-1 ја прекина импресивната низа на успеси на „кралскиот клуб“. Роналдо и соиграчите потполно паднаа со темпото во второто полувреме кога примија два гола и со пресврт беа поразени.

Статистиката е немилосрдна и покажува дека сите фудбалери на Реал Мадрид заедно претрчаа помалку од 100 километри, што е најмалку од сите претходни натпревари.

real-vo-sofia-16

Играчите на Реал играат речиси без застој, учествуваа и на интерконтиненталниот куп во Маракеш, Мароко, беа и во Дубаи, па сега го плаќаат данокот на пеколното темпо. На рака на европските прваци сепак им оди и поразот на Барселона од Реал Сосиедад, па врвот во шпанското првенство останува под контрола на Реал, иако сега сериозно се заканува и шпанскиот шампион Атлетико Мадрид, но и Валенсија и Севилја.

Реал е прв со 39 бода од 16 натпревари, пред Барселона и Атлетико Мадрид со 38 од 17 мечеви. Валенсија е на четвртата позиција со 34 бода од 17 средби, со бод повеќе од Севилја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top