| четврток, 6 декември 2018 |

„Би-би-си“ најавува нова екранизација на „Војна и мир“

tolstoj

Британскиот сервис „Би-би-си“ најавува екранизација на романот „Војна и мир“ на рускиот класичар Лав Толстој. Адаптацијата ќе ја прави Ендрју Дејвис кој ги претврои во драмски ТВ хитови и романи „Гордост и предрасуди“.

Серијата од шест епизоди британскиот сервис ќе ја работи со холивудскиот продуцент Харви Вајнштан и треба да се најде на малите екрани до крајот на 2015 година.

Улогата на Болконски ќе ја толкува британскиот актер Џејмс Нортон, кнезот Ростов Ејд Едмондсон, неговата сопруга Грета Скаки, а Наташа Ростова ќе биде Лили Џејмс.

Ова ремек-дело на руската и светската книжевност на сите времиња имаше низа екранизации ширум светот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top