| четврток, 6 декември 2018 |

Две нови комедии во „Синеплекс“

StandUpGuys__120905201927-575x383

Оваа недела на репертоарот на скопското кино „Синаплекс“ има две нови комедии.

„Луѓе од доверба“ е крими-комедија која од денеска ќе се прикажува на репреторарот. Филмот следи двајца пријатели, криминалци во пензија кои уживаат во животот на свој начин – крадат и се забавуваат. Кога едниот од нив ќе излезе од затвор по издржување на долгогодишната казна, се одлучуваат за последна луда заедничка забава.

На репертоарот е и француската комедија „Совршен план“ (Un plan parfait),  која говори колку може да биде комплициран љубовниот живот и како да се бориме со проклетството. Дијана Кругер е убава, млада жена вљубена во своето момчен со кого наскоро ќе стапи во брак. И се тоа би било совршено, но има една замка. Во нејзиното семејство на сите жени им пропаднал првиот брак. Дијана има план. Не сака да ризикува и да и пропадна бракот со момчето кое го сака, па се впушта во необична авантура. Решава да се омажи за непознат маж, да се разведе што е можно пообрзо и потоа да си го живее животот со својот сакан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top