| четврток, 6 декември 2018 |

Каков малер за Азаренка, пропушти меч топка, загуби и нема да биде носителка на Австралија опен

Викторија Азаренка се бори со повредите, а и среќата се чини и го сврте грбот на турнирот во Бризбејн, со кој се означува почеток на новата сезона. Белоруската тенисерка имаше меч топка во првата рунда против Каролина Плишкова, при резултат 6-4, 5-4, но не ја искористи и потоа загуби со 6-4, 6-7, 4-6, по што стана јасно дека нема да биде меѓу носителките на првиот гранслем турнир во годината, на Австралија опен.

azarenka 1

Азаренка бранеше доста поени во Бризбејн од лани кога играше во финалети и загуби во два сета од Серена Вилијамс. Со поразот во првата рунда од Плишкова, популарната Вика ќе биде рангирана на 42. позиција на ВТА листата, што ќе биде клучна за одредување на носителките на Австралија опен. Азаренка има две титули од гранслемот во Мелбурн, а втората ја освои во 2013 година. Таа беше и број 1 на светската ранг-листа, но во поголемиот дел од 2014 година не играше поради повреда на стапалото па падна на ВТА листата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top