| четврток, 6 декември 2018 |

Професорите бараа дебата, па избегаа (Видео)

п пленумИако првично бараа дебатата за реформите во образованието да се води во Собранието на РМ, што од таканаречениот „Професорски пленум“ го посочија како услов за учество во дебатата, сега, кога дебатата за реформите во високото образование се префрли во парламентот, тие повторно останаа вон дебатата.

Вакво погазување на сопствениот збор од професори не може, а да не остави дамка врз нив. Нивното барање и согласување да учествуваат во дебата е регистрирано од телевизиските камери. Сегашното однесување само ги демаскира вистинските прилики зошто тие одбиваат улчество во дебатата.

„Пленумци“ го покажаа вистинскиот лик на политиканството. Нив воопшто не им е грижа ниту законското решение ниту реформите. Прво да бараат дебатата да се одржи во Собранието, да го поставуваат како услов, а потоа да не учествуваат во работата откако сите учесници дојдоа, е само уште еден нивен јавен срам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top