Камбоџанскиот принц Нородом Ранарид, син на покојниот крал, познатиот во светот Нором Сиханук, денеска објави дека ќе ја обнови активноста на Функципенк ројалистичката партија. Оваа партија едно време беше владејачка во државата, но сега е без политичко влијание. Ројалистичката партија ќе ја следи политиката на актуелниот премиер Хун Сен и ќе се обиде во изборите закажани за 2018 година да освои десетина места во Парламентот.
Враќањето на кралското семејство и ројалистите во политиката во Камбоџа дојде по помирувањето меѓу Народната партија на премиерот Хун Сен и опозициската Национална партија на спасот.
По едногодишен бојкот на работата на Парламентот, опозиционерите кои имаат 55 од 123 пратеници, кон крајот на годината се вратија во Парламентот без да се исполни нивното барање за повторување на изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


