| четврток, 6 декември 2018 |

За една недела на „Ало докторе“ имало 842 јавувања

ало

Во изминатите седум дена на телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“ 02/15-123 се регистрирани 842 јавувања, а од воведувањето на овој број од средината на септември вкупно 15.895.

За здравствен совет се достапни 22 доктори, а јавувањата се од граѓани од сите градови на државата. На сите лица кои се јавиле на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.

Најчесто јавувањата на 02/15-123 се за медицинска помош со широк спектар на најразлична сиптоматологија, кардиоваскуларни и респираторни симптоми, најчесто за покачен крвен притисок, проблеми со покачена телесна температура, кашлица, настинки и симптоми на болка.

Секој ден од 18 до 22 часот во кол центарот „Ало докторе“ за медицнски совет се дежурни и достапни за здравствен совет директорите на јавните здравствени установи. Денеска ќе биде дежурен проф.д-р Александар Шиколе,  директор на Клиниката за нефрологија, а утре проф. д-р Лидија Чебревска од Клиниката за хематологија. За среда е најавено дежурство на проф. д-р Звонко Миленковиќ од Клиниката за инфективни и фебрилни болести, за четврток д-р Ристо Симеонов од Клиниката за детска хирургија, а за петок д-р Емилија Велкова од Републичкиот завод за трансфузиологија. Во сабота на линијата „Ало докторе“ ќе дежура проф. д-р Зоран Спировски, директор на Клинката за торакална васкуларна хирургија, а во недела д-р Игор Кузмановски, директор на Клиниката за неврологија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top