Жорди Алба си постигна автогол за само 70 секунди од стартот на мечот во кој Барселона загуби во Баскија од Реал Сосиедад. По една минута и дваесетина секунди левиот бек на Каталонците си ја затресе сопствената мрежа, а во преостанатите 90 минути, сметајќи го и судиското продолжение немаше погодок за трет пораз на Барселона.
За Каталонците неуспехот не е толку трагичен, бидејќи и главниот конкурент за титулата Реал Мадрид загуби од Валенсија со 1-2, па разликата остана иста. Актуелниот европски првак Реал има 39 бода од 16 натпревари, Барса со меч повеќе собра 38 бода, колку што има и актуелниот шпански првак Атлетико Мадрид. Во битката за титулата се вклучија и Валенсија со 34 бода, Севилја со 33 и Вилјареал со 31 бод. Без шанси не е ниту Малага која има 30 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)