| четврток, 6 декември 2018 |

Папата Франсис има само едно белодробно крило

Папата Франсис не е единствен само по името и по тоа што е прв Јужноамериканец на таа должност, туку и по тоа што има само едно белодробно крило, пишува магазинот „Тајм“.

Папата во младоста останал без едното белодробно крило, најверојатно, поради тешка инфекција. Во тоа време не биле достапни антибиотици како денес, па за да се заштитат пациентите од понатамошно ширење на инфекциите, лекарите се решавале на ваков чекор.

Најверојатно се работи за тешка инфекција, можеби и за апцес поради кој крвавел. Ако имало обилно крвавење во белите дробови, единствена работа што лекарите можат да ја направат е ресекција на дробовите, рекол професор Џон Белперио од Медицинскиот факултет во Лос Анџелес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top