| четврток, 6 декември 2018 |

Србија го крие Титовото наследство од роднините

На отворањето на трезорот во Народна банка на Србија со наследството на Јосип Броз Тито не смеат да присуствуваат неговите наследници. Вака одлучиле српските власти, а за таа цел е формирана тричлена комисија од Претседателството на Србија.

Во трезорот на НБС се наоѓаат 11 пломбирани вреќи со предмети што припаѓале на маршалот, а сега треба да се поделат во оставинската постапка.

Адвокатите на семејството на Тито сметаат дека е логично и тие како наследници да присуствуваат на отворањето.

Застапничката на синот на Тито, Мишо, вели дека е нормално тие  да присуствуваат на отворањето затоа што наследниците сами дознале каде се вреќите и барале од властите нивно отворање.

Адвокатот на внукот на Тито, Јошка, пак, вели дека трезорот може да се отвори и без нив, но само вештаци што ќе ги ангажира судот, можат да утврдат што е приватна сопственост на Тито, а што е државно.

На отворањето на вреќите со Титовото „богатство“ нема да присуствуваат ниту претставници од банката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top