| четврток, 6 декември 2018 |

Папата назначи нови кардинали

папата 1Папата Франциск денеска назначи 20 нови кардинали, кои ќе му се приклучат на раководството на римокатоличката хиерархија.

Петнаесет од нив се под 80-годишна возраст и можат да учествуваат во конклавата, која избира наследник на поглаварот по неговата смрт или повлекување.

За кардинали се именувани свештени лица од Италија, Португалија, Етиопија, Нов Зеланд, Виетнам, Мексико, Мјанмар, Тајланд, Уругвај, Шпанија и Панама.

Новите „принцови на црквата“ ќе бидат претставени на свечена церемонија во Ватикан, наречена конзисториум, која е закажана за 14 февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top