| четврток, 6 декември 2018 |

Некои ниеден, некои по над 100 трудови на Web of Science

росоклијатаДодека дел од професорите во Македонија се„борат“ да го девалвираат Web of science, како и да прикажат како научни трудови дела кои тоа всушност не се, бројот на делата на нивни колеги -македонски професори е огромен.

Така додека професорот Ристо Малчески мака мачи со докажување на неговите трудови- и по број и по значење, само за пример академикот професор д-р Горазд Росоклија токму на Web of science има објавено вкупно 117 научни трудови. Росоклија во областа на невропатологијата и невроимунологијата се смета за светски признаен научник чии дела се релевантни во истражувањето во тие области.

zivko-popovАкадемик проф. д-р Живко Попов, врвниот уролог и единствен трансплантолог на бубрег, има објавено 37 научни трудови со импакт фактор на Web of Science.

Така, освен од своите колеги од регионот, македонските професори со нула објавени научни трудови, можат да земат пример и од своите колеги од Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top