| четврток, 6 декември 2018 |

Дебакл на Мајами, Антиќ со 10 поени учествуваше во новата победа на Атланта (видео)

pero antic

Перо Антиќ и Атланта веќе не се никакво изненадување во НБА лигата. Лидерот на источната конференција ноќеска гостуваше кај Портланд, еден од најдобрите тимови во лигата. Кога се сите здрави Атланта е можеби најдобриот колектив оваа сезона. По еден натпревар пауза која ја доби од тренерот Перо Антиќ се врати со 10 поени за нецели 22 минути игра, а придодаде и три скока и една блокада во победата од 115-107 и му го нанесе само третиот пораз на домашен терен на Портланд.
Најефикасен на теренот беше домашниот играч Ламаркус Олдриџ со 30 поени и 12 скока, но тоа не беше доволно за победа.
Кај гостите се истакнаа Пол Милсап со 27 поени и Џеф Тиг кој додаде 22. Со оваа победа Атланта се зацрвсти на првото место на табелата во источната конференција со 25 победи и само осум порази.

Хјустон Рокетс го растури поранешниот НБА-првак Мајами хит со 115-79.
домаќините со 36 поени разлика буквално го згази Мајами, а лидери на „ракетите“ беа Џејмс Харден со 28 поени и Двајт Хауард со 23 поени и 13 скокови. Хјустон, кој има скор 23-10 на победи и порази, клучни беа две третини, во кои ја направија големата предност, во втората славеа со 38-22, а во третата со неверојатни 33-11.

Резултати:

Орландо – Шарлот 90-98, Минесота – Јута 89-101, Денвер – Мемфис 114-95, ЛА Клиперс – Филаделфија 127-91, Чикаго – Бостон 109-104 (прод), Хјустон – Мајами 115-79, Сан Антонио – Вашингтон 101-92, Портланд – Атланта 107-115.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top