| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува потрагата по црните кутии на Ер Ајша

ер

Спасувачките тимови денеска ја обновија потрагата во северниот дел на Јаванскиот остров по остатоците и црните кутии на авионот на компанијата Ер Ајша, кој со 162 лица се урна на 28 декември.

Спасувачите вчера пронајдоа шест големи делови од леталото, при што најголемиот беше со големина од 16 на 5,4 метри, а досега се пронајдени 31 безживотно тело.

Според началникот на националната спасувачка управа Бамбанг Соелистио, осмиот ден од потрагата во зоната на Јаванското Море учествуваат 20 авиони, 27 бродови и 14 хеликоптери. Зоната на пребарување останува иста, иако е проширена кон исток, бидејќи високите и силни бранови ги носат остатоците од леталото на таа страна.

Иако властите не ја наведуваат причината за несреќата, во извештајот на индонезиската агенција за метеорологија, клима и геофизика се наведува дека е можно поради лошите временски услови авионот да се заледил и да се оштетиле моторите.

Се истакнува дека тоа е само верзија добиена врз основа на метеоролошките податоци, а не и конечен заклучок на истрагата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top