-Нашиот репортер од Охрид, утринава ни испрати фотографија од Охрид, каде што е прикажано како две возрасни жени го дистрибуираат изборниот материјал на гласачкото место Климент Охридски со бој 1249. За јавноста се поставува прашањето зошто овие лица одат без придружба на обезбедување или пак поточно дали е тоа вообичаено да се однесуваат така со изборните материјали? Понатаму се поставува прашањето каде ги добиле овие изборни материјали и зошто не се пристапило за нивно безбедно дистрибуирање на гласачкото место.Дали исто вака ќе се постапува кога кутиите се полни и е завршено со гласањето – објави магазин.мк
Инаку како потсетување утре на 30.09.2018 ќе се одржи Референдум каде што Македонците ќе треба да излезат и да кажат Да или Не за :“Дали сте за влез во НАТО и ЕУ со прифаќање на Договорот меѓу Р. Македонија и Р. Грција“
Прашањето според уставот и законот за Референдум е ништовно тс. неважечко, бидејќи е тросмислено. Имено според член 15. од законот за референдум подточка 4, Прашањето на гласачкото ливче мора да биде прецизно формулирано и недвосмислено, така што граѓанинот на референдумот да може да одговори со “’ЗА“ или “ПРОТИВ“.
За овој Референдум да биде успешен според власта треба да излезат најмалку 903 илјади гласачи и од нив треба повеќе од 50% да гласаат за. Според опозицијата тие нема да го признаат овој референдум доколку цензусот не биде исполнет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.