На Србија и претстои многу сериозна и светла иднина, изјави вечерва српскиот премиер Александар Вучиќ, нагласувајќи дека „во 2016 година граѓаните ќе почувствуваат подобар живот, а Србија ќе стане поздрава држава“.
– Не се занимаваме со трикови. Работиме за иднината и резултатите ќе се видат до мај 2016 година. Мораме да работиме одговорно и сите во Србија, вклучувајќи ме и мене, мораме да се менуваме, да работиме и заработуваме, да добиваме онолку пари колку што работиме, додаде Вучиќ.
Тој повтори дека ниту еден експерт од земјата и странство не е против владините мерки, и дека сите во Европа и светот зборуваат оти Србија е на вистинскиот пат.
– Идните генерации ќе ми бидат благодарни, иако сум сигурен дека на 70-80 отсто од луѓето им е тешко да го разберат и да поддржат она што го работиме, потенцира српскиот премиер.
Вучиќ потенцира дека нема да бара оправдувања за реформите и ќе продолжи да се труди тие да се спроведуваат, истакнувајќи дека „до добри резултати може да се дојде само со работа, труд и пот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Го победивме Косово, благодарам и на Македонија
-
Српски медиуми: Од Вучиќ бараат прогласување окупација ако Косово добие војска
-
Вучиќ: Ветувањата од Европа не му беа привлечни на македонскиот народ
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста