| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца Германци пристигнуваат во Јунајтед?

Манчестер Јунајтед сака во зимскиот преоден рок сака да ги засили редовите од тимот каде се „најтенки“.
Одбраната е таа која му создава најголеми главоболки на менаџерот Луис Ван Гал па затоа сака во јануари да ги засили со двајца репрезентативци на Германија кој ова лето го освоија светското првенство.
Еден од столбовите во одбраната на Борусија Дортмунд Матс Хумелс не ја крие желбата да се пресели во редовите на „црвените ѓаволи“. Сепак најголем проблем за преселба на островото преставува тренерот на Дортмунд Јирген Клоп кој ги замолува ѕвездите во тимот кој оваа година грчевито ќе се бори за оопстанок во Бундес лигата да останат до крајот на сезоната за да се обидат да спасат тоа што може да се спаси.

Покрај Хумелс, Ван Гал сака да го доведе и Бенедикт Хеведес од редовите на Шалке, за кој нема проблем да го пушти по долгите години поминати во тимот од Гелзенкурхен ако добие соодветна понуда.

Јунајтед има голема конкуренција во Арсенал бидејќи лондонскиот тим истотака ги посакува овие двајца фудбалери во своите редови. Интересна ќе биде борбата за потпис на Хумелс и Хеведес овој преоден рок, а за кој тим ќе се одлучат германските репрезентативци останува да се види.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top