| четврток, 6 декември 2018 |

Трајановски најангажиран во расчистување на скопските улици

Снегот од пред неколку денови направи доста проблеми на одредени патни правци во земјава, и во скоро сите градови и општини. Граѓаните отежнато се движеа по улиците, а сообраќајот беше парализиран.

За разлика од градоначалниците на некои општини, скопскиот градоначалник Коце Трајановски беше најмногу ангажиран во расчистувањето на снегот низ градот. Единствено скопските улици под надлежност на градот беа и се исчистени и проодни за возилата и граѓаните.

Ангажманот на Трајановски и покажаната волја несомнено предизвикаа задоволство кај скопјани, бидејќи слободно и без проблеми можат да се движат на улиците.

Интервенцијата на скопскиот градоначалник и залагањата на град Скопје треба да бидат пример за другите општини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top