Џорџ Клуни и Амал Аламудин запловија во брачните води пред три месеци, поточно пред 87 дена, но изгледа не им цветаат рози. Иако пред неколку недели се говореше дека двојката планира дете, светсклите медиуми почнаа да објавуваат дека на видик е развод!
Наводно двојката во последно време толку многу се карала што и нивните блиски пријатели погодуваат дека наскоро најверојатно ќе се прекине врската која неодамна ја крунисаа со брак.
-Таа и Џорџ нема да успеат. Се расправаат и нам ни изгледа дека најпознатиот светски ерген, едноставно требаше да си остане ерген. Нема шанска нивниот брк да потрае. А главниот проблем најверојатно настанал поради децата. То ест, Џорџ сака дете, а Амал сака да причека уште една година и да ужива во бракот, вели изворот кој го пренесува „Инвиситр“.
На Амал, пак, овие денови и се заканува апсење. Имено, таа деновиве е во центарот на вниманието откако светските медиуми објавија дека во Египет и се заканува апсење, бидејќи јавно ги изнесла недостатоците на правниот систем на оваа земја кои довеле до апсење на тројца новинари на „Ал џезеира“. Официјалните лица велат дека може да заврши зад решетки поради кртиките упатени до Владата на Египет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.