Менаџерот на Манчестер Јунајтед Холанѓанецот Луис Ван Гал не остана ништо на случајноста. Тој постојано запишува се што се случува во текот на еден натпревар не испуштајќи ја папката од рака.
На последниот натпревар против Стоук во кој Јунајтед едвај успеа да извлече бод, тој успеа да запише еден момент во својот тефтер како „глуп слободен удар“.
Најверојатно се однесува еден момент кога Хуан Мата и Ешли Јанг ја искомлицирааа ситуацијата околу еден досуден слободен удар за својата екипа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.