| четврток, 6 декември 2018 |

Црвенковски: Ова што ни се случува, не е наша судбина

Време е оваа власт да биде поразена прво на локалните, а потоа на предвремени парламентарни избори. Ова што ни се случува не е наша судбина. Ајде сите заедно на 24 март да се избориме да победиме за ваша Македонија, рече претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, на митингот на коалицијата „Сојуз за иднината“ во Гевгелија.

Црвенковски порача дека македонскиот народ мора да го менува генералниот курс за да се справи со оваа недемократска власт.

–   Тоа само по себе нема да се случи. Ајде на 24 март да покажеме дека ова не е наша Македонија дека имаме и друга слободарска, демократска вистинска Македонија за која вреди човек да се бори – рече Црвенковски.

Лидерот на опозицијата побара од гевгеличани поддршка за кандидатот за градоначалник Саве Марачков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top