| четврток, 6 декември 2018 |

Куновска најави изградба на црква во Карпош 4

Кандидатот за градоначалник на коалицијата За подобра Македонија Јагнула Куновска, денеска на средба со жителите на Карпош 4 најави економски развој на општината, а прв проект ќе биде изградба на црква.

–       На Карпош му е потребен православен верски објект, на Карпош му е потребна црква. Затоа јас ветувам дека со мојот тим првиот проект за кој ќе се заложиме е изградба на црква во Карпош 4. Во Основното училиште Петар Поп Арсов, планираме да направиме реконструкција на надворешните спортски игралишта, како и на постоечката училишна спортска сала. Исто така, ќе работиме и на изградба на повеќенаменски спортски игралишта кои ќе можат да се користат деноноќно и се одлична превентива од пороците на модерното живеење.Исто така, ќе ги уредиме и парковите околу зградите, а ќе изградиме и во секое од нив по едно детско игралиште. Во соработка со Градот Скопје, ќе работиме на проектот за проширување на булеварот Илинден  до улицата Никола Парапунов, а во најкус можен рок ќе почнеме и да работиме на постапката за расчитување на имотно-правните односи за изградба на мост преку реката Вардар- рече во своето обраќање кандидатот за градоначалник Куновска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top