| четврток, 6 декември 2018 |

Во Аеродром два нови паркинзи и нов парк

Паркиралиштата ќе се градат покрај булеварот „АСНОМ“ лоцирани лево и десно од трафостаницата на ЕВН, во близина на паркот „Аеродром“ и до фудбалското игралиште и ќе бидат целосно осветлени.

Во скопската општина Аеродром ќе се градат две нови париралишта со капацитет од 150 паркинг-места соопшти Ивица Коневски, градоначалникот на оваа општина и кандидат за истата фунцкија на владејачката коалција предводена од ВМРО ДМПНЕ.

Паркиралиштата ќе се градат покрај булеварот „АСНОМ“ лоцирани лево и десно од трафостаницата на ЕВН, во  близина на паркот „Аеродром“ и до фудбалското игралиште и ќе бидат целосно осветлени.

Паркиралиштето што ќе се гради до фудбалското игралиште е со вкупна површина од околу 2 300 квадратни метри, со капацитет од околу 100 паркинг-места.

ivica-konevski

Вториот паркинг што ќе се гради во близина на паркот „Аеродром“ е со вкупна површина од 1 400 квадратни метео и со капцитет од околу 50 паркинг места.

-Планираме да изградиме и нов голем парк во 2014 та година, кој ќе биде изграден на површна од 25 хектари  – изјави градоначалникот Коневски.

Коневски потенцираше дека паркингот на двете паркиралишта ќе биде бесплатен за жителите на населбата и додаде дека и во иднина општината ќе продолжи да гради нови паркиралишта за жителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top