Мирко Алиловиќ е еден од најдобрите голмани на светот, одлично го брани голот на моќниот Веспрем и на хрватската репрезентација и ќе биде еден од мноштвото силни адути на „огнените“ на СП во Катар. Хрватска е во групата Б со Македонија, а Алиловиќ индиректно посочи дека тие две селекции се главни фаворити за пласман во нокаут фазата.
„Не бегаме од улогата на фаворит, но мораме да бидеме внимателни против аутсајдерите Австрија, БиХ и Тунис, селекција што не дејласира на Летните олимписки игри во Лондон. Првиот круг е најважен и ќе одлучува за судбината на репрезентациите понатаму“, изјави Алиловиќ.
Хрватска денеска ги почна подготовките за Катар, а базата на светскиот и двоен олимписки првак ќе биде Умаг, до заминувањето за Катар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МРТ ги обезбеди правата за пренос на СП во ракомет
-
Светот остана во шок кога Трамп пред сите го фрли подарокот на Путин (Видео/Фото)
-
Меј, Меркел, Ердоган и Рама на мобилен телефон го гледаа полуфиналето на СП (видео)
-
Овие играчи ќе истрчаат вечерва на теренот во полуфиналниот натпревар меѓу Хрватска и Англија