Еден од најтелинтарите играчи од средината на теренеот францускиот репрезентативец во редовите на Јувентус Пол Погба би можел да се врати во Премиер лигата односно во својот стар тим Манчестер Јунајтед за неверојатни 100 ммилиони евра.
Како известуваат англиските медиуми Јунајтед нема да го доведе Стротман од Рома бидејќи барањата на „Римската волчица“ се нереални, а Реал Мадрид нема шанси да го пушти Герет Бејл, тогаш управата на Манчестер ќе испрати понуда до Јувентус за Погба вредна 77 милиони фунти или околу 100 милиони евра.
Менаџерот на „Црвените ѓаволи“ Луис Ван Гал сака го врати во своите редови талентираниот фудбалер, но малку е веројатно тој да се пресели на „Олд Трафорд“ уште оваа зима, додека ако Јувентус ја добие истата понуда на лето, тогаш Јувентус нема да се двоуми бидејќи со овие пари би можел да го рекоструира целиот тим.
Останува да се види дали Погба ќе сака да се врати во старото јато бидејќи во Јунајтед не беше третиран како одличен фудбалер и многу малку добиваше минутажа. Тој како слободен фудбалер го одбра Јувентус пред 3,5 години.
Пред новогодишните празници се огласи и неговиот менаџер Мино Раиола кој веќе имал разговори со лутиот градски ривал на Јунајтед, Сити кој сака да го доведе Погба во своите редови како идеална замена за неприкосновениот Јаја Туре.
Ако Погба реши да го напушти Јувентус останува да се види во кој клуб од Манчестер ќе ја продолжи кариерата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.