| четврток, 6 декември 2018 |

Оставена свршеница јавно го уништи својот невестински фустан (видео)

landscape_nrm_1419980820-ht_trash_the_dress_11

Американката Шелби Свинк не можела да поверува на своите уши кога нејзиниот свршеник ја оставил на само пет дена пред свадбата.

Кога и минал првичниот шок, 23-годишната Шелби изгубила неколку дена за да ја откаже венчавката и да им објасни на гостите што се случило.

Сапак таа решила да не ја откажува најмената фотографка, сакајќи да го искористи нејзиниот „бродолом“ за да направи уметничко дело кое го објавила на блогот „Офбит брајд“.

Имено, таа решила својата венчаница да ја уништи пред објективот на камерата, во што и се придружиле нејзините родители и пријателките кои требало да бидат деверици на свадбата.

– Во моментот кога фустанот беше премачкан со бои се чуствував како некој да ме ослободил од стегите. Чувствував како ме напуштаат разораувањето и сета тага што ме обземаше. Не можам да опишам колку сето ова искуство беше олеснувачко за мене. Се ослободив од сета лутина и болка и повторно станав вистинската јас, напиша Шелби.

Уништениот фустан потоа бил изложен во еден салон за венчаници во градот Мемфис и се додека таа се наоѓа во излогот, дел од приходите од другите продадени венчални фустани ќе бидат наменети за непрофитната организација „Би Фри Револупн“, која дејствува во Африка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top