| четврток, 6 декември 2018 |

Пешевски: Kампањата ќе заврши, СДСМ нема конкретна програма

Пешевски го коментираше проектот кој што е понуден од кандидатот за градоначалник во градот Прилеп, Хари Локвенец, каде тој нуди изградба на нови 500 микроакумулации на територијата на општина Прилеп

Иако сме длабоко навлезени во процесот на предизборната кампања, СДСМ сѐ уште нема излезено со конкретна програма за локалните избори. Од нив произлегуваат некакви предлог-проекти кои во голема мера се нереални, ирационални, подготвени набрзина и на еден начин дури претставуваат и потценување на гласачкото тело на граѓаните во однос на тоа што е подготвена партијата СДСМ да направи ако ја освои власта, изјави вечерва вицепремиерот на Македонија, Владимир Пешевски, на митингот во Кривогаштани.

Пешевски го коментираше проектот што е понуден од кандидатот за градоначалник во градот Прилеп,  Хари Локвенец, во кој тој нуди изградба на нови 500 микроакумулации на територијата на општина Прилеп.

пешевски

– Да се даде едно вакво ветување кога во Македонија за вакви локации нема збирно определено во ниту еден стратегиски документ, повторувам за цела Македонија 500 локации е апсолутно нереално и крајно потценувачки за граѓаните. Вакво ветување, ваков проект не е дел од ниту еден стратешки или основен документ за развојот на регионот на општина Прилеп.  Денеска граѓаните знаат што сакаат, тие знаат дека политичарите треба да нудат конкретна програма базирана на реално остварливи проекти со затворена финансиска конструкција, сето тоа постои во програмите на ВМРО-ДПМНЕ, која со месеци работеше на сите овие програми, сите се  внимателно проверени, едноставно сметаме дека политиката е сериозна работа за сериозни луѓе која бара сериозен пристап и на тој начин пристапивме ние во подготовките на нашите програми  – изјави Пешевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top