| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во Мала Речица: Ја убил ќерката, па себе

Семејна драма која имаше трагичен крај се одвиваше вечерва во тетовска Мала Речица. Таткото и пресудил на ќерката, наводно, поради љубовната врска што тој не ја одобрувал, а потоа сам си го одзел животот.

Според информациите од тетовската полиција, инцидентот се случил вечерва околу 19 часот, кога 51 годишниот Ќ.Б. пукал во 27 годишната Р.Б. со пиштол што го поседувал со дозвола. Со истиот пиштол потоа се застрелал и самиот.

Таткото и ќерката биле на привремена работа во странство. Ќерката пристигнала во Мала Речица пред неколку дена, а татко и дошол денеска.

Тетовската полиција врши увид на местото и работи на утврдување на мотивите за трагедијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top