| четврток, 6 декември 2018 |

Трајановски на мини-митинг се обрати во Гази Баба

На митингот наброја дел од проектите кои тој ги реализира за време на овој мандат на територијата на Општина Гази Баба

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски вечерва, заедно со кандидатот за градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски и носителите на советничките листа за советот на Градот Скопје и Општина Гази Баба, Владо Поповски и  Милан Андоновски, се обратија на мини митинг кој се одржа во населбата Триангла во Општината Гази Баба.
koce-trajanovski
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Трајановски на митингот наброја дел од проектите кои тој ги реализира за време на овој мандат на територијата на Општина Гази Баба, каде како најважни ги наведе реконструкцијата на улицата Благоја Стефковски, реконструкција на улицата Јужноморавски бригади со нова атмосферска и фекална канализација, изградбата на фекален и атмосферски колектор за населбите Стајковци, Ченто, Инџиково, Хиподром и Маџари, како и препумпна станица за фекални води „Макошпед“,  изградбата на фекалната канализација со препумпна станица за населените места Сингелиќ – Економија  – Инџиково, асфалтирањето на патот за населбата Инџиково во општина Гази Баба, на потегот од СОС Детското село до мостот во Инџиково, изградбата на секундарна водоводна мрежа во населеното место Камник, изградбата на колекторот што ги собира атмосферските води од населбата Ќерамидница, како и водите од клучката кај хотелот „Континентал“ до испустот во реката Вардар и многу други.
За наредните 4 години Трајановски ги наведе големиот број на проекти кои ќе се реализираат на територијата на Општина Гази Баба, Трајановски посебно се осврна за проектите кои ќе се реализираат во наредниот четиригодишен период на територијата на Општина Гази Баба, како што се  изградба на нова фискултурна сала во СУГС „Боро Петрушевски, изградба на паркинг за тешки возила на влезот во Скопје, изградба на нов автопазар, изработка на проектна документација за изградба на нов мост на реката Вардар и булеварско решение до бул. „Беласица“ , изработка на проект за проширување на “Благоја Стефковски”, изградба на пешачки мост над булеварот „Александар Македонски“ во н. Автокоманда (кај „Алкалоид“), реконструкција на улица „Маџари“,  изградба на влез и на излез од автопат на надвозникот во населено место Јурумлери над автопатот А1 (Е-75) кон општина Илинден, реконструкција на надвозникот во Смиљковци, изведба на водоводна линија по бул. Хрватска и многу други.
Со цел овие проекти да се реализираат и да може Градот Скопје да функционира добро, Трајановски побара поддршка и за листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top