| четврток, 6 декември 2018 |

Челси повеќе не е лидер на табелата откако прими пет гола од Тотенхем (видео)

Првиот натпревар од 2015 година играчите на Челси ќе го паметат долго. Избраниците на Жозе Мурињо во дербито против Тотенхем на „Вајт Харт Лејн“ примија дури пет гола и беа поразени со 5-3.

Tottenham Hotspur vs Chelsea FC

Овој пораз значеше и изедначување на табелата со најголемиот конкурент за титулата и актуелен шампион Манчестер Сити кој попладнево победи со 3-2 против екипата на Сандерленд.
Екипата од сината страна на Лондон поведе со голот на Диего Коста по една брза контра во 18 минута. Сепак избраниците на Мауруцио Покетино знаеја што сакаат на овој натпревар и набрзина од 30 минута па до крајот на првото полувреме дадоа дури три гола. Серијата ја отвори Кејн во 30 минута, а во финишот од првиот дел Роуз во 44 и во судиското продолжение Таунсенд од пенал го доведоа Тотенхем до високо водство од 3-1.

Tottenham Hotspur vs Chelsea FC

Вториот дел започна како и што заврши првото полувреме, со фуризона игра на Тотенхем. Нападите вродија со плод по само седум минути игра повторно преку Кејн. Најдобриот играч на Челси во овој дел од сезоната Еден Азар го намали разултатот на 4-2 во 61 минута.

Tottenham Hotspur vs Chelsea FC

Кога Челси се соземаа од резутатската катастрофа и кога почнаа со нападите на голот на Лорис дојде и петиот гол на Тотенхем преку Чадли кој својата одлична игра ја круниса со гол во 78 минута. До крајот на натпреварот Џон Тери успеа само да го намали резутатот на четири минути до крајот.


Tottenham Hotspur vs Chelsea 5-3 All Goals… by gentaa

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top