| четврток, 6 декември 2018 |

Невремето не ги спречи туристите од Србија и Црна Гора да дојдат во Охрид

Во Охрид на минус 14 степени и со непроодни патишта, сепак има голем број туристи за новогодишните и божиќните празници, пишува порталот „Охрид 1“. Денеска на паркингот кај „Билјанини извори стоеле повеќе од 50 автобуси од Србија и од Црна Гора. Слично е и по хотелите каде паркинзите се полни со автомобили и автобуси.

1454730_508902352583904_4828573893145080548_n

И покрај сибирскиот студ кој во новогодишната ноќ живата во термометарот во Охрид ја спушти и до минус 14 степени, настапот на Владо Јанески и обраќањето на охридскиот градоначалник Никола Бакрачески го проследија неколку илјади луѓе од Охрид но и туристи од странство.

фото „Охрид 1“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top