| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски го презентираше оствареното пред жителите на Карпош

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска ги презентираше досегашните остварувања  “Остварени ветувања 2009-2012“пред граѓаните на Карпош.

Јакимовски истакна дека во него е содржан целосниот материјал и севкупната работа на сите сектори на општинската администрација како инфраструктурните објекти кои што се изградени по месни заедници, детална анализа за тоа што е направено во изминатите години во областа на спортот, културата , образованието,комуникациите, здравството, во делот на комуналната сфера и урбанистичкото уредување.

–       Ова е веродостоен и вистински резултат на она што сме го сработиле во изминатите четири години, а граѓаните на Општина Карпош , преку овој документ ќе може да видат дека она што сме го ветиле тоа и сме го сториле, истакна Јакимовски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top