Демаркус Казнс од Сакраменто кингс и Расел Вестбрук од Оклахома тандерс беа исклучени поради инциденти на два од седумтте празнични дуели во НБА лигата.
Казнс мораше предвреме да го напушти дуелот против Бостон, откако го турна на земја бекот на противниците Смарт и заработи втора техничка и автоматско исклучување. Бостон победи со 106-84.
Нешто подоцна и Вестбрук доби предвремен одмор на мечот со Феникс санс. Ол-стар бекот на Оклахома се закачи со центарот на противниците Алекс Лен, имаше и физички контакт, што доведе до исклучување.
На тој меч блескаше Кевин Дурент со 44 поени и тоа во кам-бекот по повредата. Оклахома победи по продолженија со 137-134.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)