| четврток, 6 декември 2018 |

Светот ја дочека Новата 2015 година

Fireworks-light-up-the-Sydney-Opera-House

Стотици милиони луѓе во светот синоќа на плоштадите во своите градови, во туристичките центри, во кафеани, ресторани, пабови… или во семејна атмосфера во домовите, ја испратиja 2014 и ја пречекаа Новата 2015 година.

Први Новата година ја пречекаа жителите на тихоокеанските острови Кирибати и Тонга и земјите на далечниот Исток, а најдоцна на планетава жителите на западниот брег на САД и Алјаска.

По примерот на светските метрополи, веќе традиционално, највеселата ноќ беше пречекана и на плоштадот „Пела“ во Скопје, како и во другите градови во земјава.

Скопјани и гостите што дојода да прослават во главниот град ги забавуваа македонските музички ѕвезди Дани, Маја Панчева, Ерик и Симона, Есма, Сузана Спасовска, Наум Петревски, Мустафа Имери, Даниел Кајмаковски и Куку леле, а Новата 2015 година ќе ја дочекаат со песните на Елена Ристевска.

Новогодишниот концерт траеше до раните утрински часови, а точно на полноќ, небото над Скопје беше осветлено со спектакуларен огномет.

_79997077_79997076

Но, не сите синоќа го прославија почетокот на 2015 година. Многубројна популација луѓе времето и Новата година ги бележат според свои календари кои имаат корени во нивната етничка и религиозна историја. Таков е случајот со Евреите, Кинезите, Индусите и Муслиманите, како и со повеќе други помали етнички и религиозни заедници.

Така во 2014. Евреите ја слават 5776, Кинезите 4713, Индусите 2072, а Муслиманите 1437 Нова година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top