| четврток, 6 декември 2018 |

Фестивал на чајот и читањето во „Феникс“

Фестивалот на чајот и читањето, кој ќе трае до осми март 2015 година, почнува утре, а главните активности ќе се одвиваат во кафе книжарницата и галеријата „Феникс“. Организатори на оваа традиционална меѓународна манифестација се издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје.

Во рамките на Фестивалот е распишан Конкурс за ликовни дела на тема книга и чај; ќе биде одбележан роденденот на Гоце Делчев и врачена наградата Гоцевата мисла; ќе бидат одржана ликовна работилница за сликање на платно – мал формат; ќе бидат организирани повеќе промоции на книги, ликовни изложби, уметнички чајанки и слично.

Сите заинтересирани автори за учество и настап на Фестивалот на чајот и читањето треба благовремено да се пријават кај организаторите, а исто така и ликовните творби на тема книга и чај веќе пристигнуваат и ќе бидат изложени на 4 февруари 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top