| четврток, 6 декември 2018 |

Белград најавува извештај за „злосторствата на ОВК“

Српскиот јавен обвинител Владимир Вукчевиќ најави дека наскоро на јавноста ќе ѝ биде презентиран извештај за злосторствата што припадници на некогашната Ослободителна војска на Косово (ОВК) ги извршиле врз косовски Срби.

– Главен проблем е што немаме можност за пристап до сведоците и осомничените, од кои дури 90 проценти се на територијата на Косово и Метохија. Дури и ако некој биде упасен во странство врз основа на наша потерница, не го депортираат во Белград, туку во Приштина – изјави Вукчевиќ за белградскиот весник „Блиц“.

Тој соопшти дека српското Обвинителство работи на повеќе злосторства извршени во Косово, но, како што вели, „ги испитува и случувањата во Сребреница“.

Вукчевиќ ги отфрла обвинувањата дека Обвинителството штити припадници на војската и полицијата кои се на високи командни позиции, нагласувајќи дека обвиненијата против нив биле поврзани со истрагите на Хашкиот трибубнал.

– Дури откако Хакиот суд заврши со истрагите (против нив), ние почнавме кривично да ги гониме и тогаш започнаа нападите против нас – изјави Вукчевиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top