Годината која заминува, 2014 година, беше една од најдобрите за аукциските куќи. На пазарот на уметнички дека се „завртеа“ големи пари, посебно бидејќи во време на криза, уметничките дела важат за сигурна инвестиција. „Дојче веле“ состави листа од девет најскапи уметнички дела во 2014 година.
На прво место е „Кочија“ е Алберт Џакомети која е продадена на аукција во „Сотби“ за 102,9 милиони долари. Потоа следи „Црн оган 1“ на Бернат Њуман кој е продаден за 84,2 милиони долари, два дела на Енди Ворхол „Тројниот Елвис“ (81,9) и „Четири Марлони“ (69,9 милиони долари).
На четврото место е делото на Френсис Бејкон, „Три студии за портретот на Џон Едвард“ кое беше продадено за 80,8 милиони долари. Неговиот триптих „Три студии за портрет на Лучиано Фројд“ е на врвот на листата на најскапи слики на сите времиња и е продаден за 142,4 милиони долари во 2013 година.
На петото место е делото на Амадео Модилјани „Тете“ кое беше продадено за 70, 7 милионо долари.
Уште едно дело на Бејкон, „Портрет на Џорџ Даер“ е на шестото место на листата со 70,2 милиони долари. На седмната позиција е сликата „Без наслов“, на американскиот апстрактен уметник Саја Твомбли, која беше продадена за 69,6 милиони долари, а потоа следи делото на Марк Ротко за 66,2 милиони долари. На девето место е сликата на Едуард Моне, „Пролет“ за 65,1 милиони американски долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.