| четврток, 6 декември 2018 |

Чадиев ветува трговски центар и затворен пазар во Велес

Славчо Чадиев, кандидатот за градоначалник на Велес на владејачката коалција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, вети дека во својот град ќе изгради затворен пазар и трговски центар.

veles

– Положбата и состојбата на постојниот градски пазар овозможуваат, преку јавно- приватно партнерство, да се покрие дел од пазарот и на тој начин да се добие современ објект за потребите на фармерите, трговците и на граѓаните на Велес. По покривање на пазарот ќе се создадат услови за негова надград­ба, со изградба на трговски центар. Реализацијата на вака предвидениот проект би се одвивала преку јавно-приватно партнерство, а истиот би се завршил во 2016 година – изјави Чадиев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top