Една жена во американската сојузна држава Идахо почина откако ја застрелал нејзиниот двегодишен син. Момченцето случајно пукало во неа, откако во нејзината чанта нашол пиштол.
Тррагедијата во која настрадала Вероника Џ. Ратлејџ (29) се случила во маркет, во градот Хајден, во северниот дел на Идахо, кога мајката со децата тргнала на пазарување.
Полициски службеници соопштија дека Ратлејџ имала скриена дозвола за оружје. Таа и нејзината деца биле во маркетот кога се случила несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.