Фасцинантната земја уште еднаш нè воодушеви со феноменалниот изум кој ќе ги израдува непушачите, а на пушачите ќе им овозможи да уживаат во цигарата.
Јапонија, без сомнеж, е многу специфична земја, една од најнапредните, ако не и најнапредна во светот, која секојдневно нè изненадува со своите изуми. Уште еден во низата е феноменалниот изум кој ќе ги израдува непушачите, а на пушачите ќе им овозможи да уживаат во цигарата.
Во земјата каде што изгрева сонцето, пушењето е забрането речиси во сите објекти, дури и на улиците и на некои отворени места.
Продажбата на цигари им е забранета на помлади од 18 години, а од 2008 година во автоматите за продажба на цигари морате да внесете посебна картичка која го идентификува купувачот и неговата возраст.
Угостителите, со желба да привлечат повеќе гости, без разлика дали се пушачи или не, се досетиле на неверојатен изум. Во кафулињата се поставени стаклени капсули на чии врвови се наоѓа цевка која функционира на принцип на аспиратор и чадот од цигарата го извлекува од просторијата.
И додека за некого ова е генијален изум, други мислат дека ова не е вистински начин за сузбивање на штетниот чад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството
-
Повеќе од 330 луѓе загинаа во временските непогоди во Јапонија
-
Доаѓа тајфун, откажани над 100 летови во Јапонија: По поплавите и топлотниот бран нова непогода
-
Силен тајфун и се заканува на Јапонија