| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата во Москва го растури протестот за поддршка на опозиционерот Навални

Руската полиција вечерва ги растера учесниците во протестот за поддршка на опозиционерот Алексеј Навални, пренесоа американските медиуми.

Претходно попладнево беше соопштено дека полицијата привела над 130 демонстранти. Полицијата на демонстрантите им дозволи само два часа да го изразуваат своето незадоволство од осудувачката пресуда за Навални по што ги разбрка, забележа ТАСС.

Протестот на плоштадот Манежнија во Москва не беше одобрен од локалните власти.

Според податоците на полицијата на протестот учествуваа околу 1.500 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top