| четврток, 6 декември 2018 |

По стапките на Заев, Љупчо Стојковски ќе „јаде живи луѓе“

се прашувам пред некој ден Сарма и сличните режимски “новинари“ што мислат да прават кога режимов ќе падне (кога и да е тоа!)? мислат дека некој ќе ги есапи после?! истово и денес со овие “експерти“, “интелектуалци“ и “професори“- мислат дека ќе има место за нив во новата Македонија и во ослободениот Универзитет?!

Оваа порака со закана преку социјалните мрежи е испратена од Љупчо Стојковски, демонстратор на професорот на правниот факултет Љубомир Д. Фрчковски. Се уште „не влезен“ на факултет со двете нозе, „аѓутантот“ на некогашната десната рака на Бранко Црвенковски и ударната сила на СДСМ, се заканува дека ќе брка од работа.

Ова не само што е уште еден доказ за вмешаноста на опозицијата зад студентските протести против државниот испит, како и за дел од професорите кои се задскриваат зад студентите.

Пораката на Стојковски е и доказ колку всушност е потребна проверка на знаењата. Демонстратор на универзитетски професор по меѓународно право и меѓународни односи не може, а да не знае да употребува интерпукциски знаци, како и употреба на голема буква. Секако, и да не знае што значи јавна закана и притисок врз новинари и медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top